Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави дека Украина сака Полска да стане клучен партнер во големата реконструкција на земјата по завршувањето на војната со Русија и истакна дека во иднина нема да има граница меѓу двете земји, а некои аналитичари се убедени дека неговата посета на Варшава е со цел да се подготват преговорите со Москва.
Местата во близина на границата, особено во првите денови од руската инвазија „ги отворија своите врати за Украинците и немаше граница меѓу двете земји“, оцени Зеленски и оцени дека ова е почетокот на нешто што ќе покаже дека во иднината нема да има граница меѓу двете земји.
„Во иднина нема да има никакви граници меѓу напите народи: политички, економски и, што е многу важно, историско. Но за тоа е потребно да победиме. За тоа потребно е уште малку да бидеме рамо до рамо“, рече Зеленски на прес-конференцијата со полскиот претседател Анджеј Дуда алудирајќи на тешкото украинско-полско минато.
Уште од почетокот на војната бројни европски и руски аналитичари предупредуваат дела Варшава има скриени намери откако четирите доминантно руски региони се присоединија на Русија, да ги земе териториите полските територии кои во Втората светска војна биле припоени на Украина.
Полска ланскиот јули донесе закон за ткн „посебни гаранции“ за полските државјани кој им осигурува право на вработување, економска активност, образование и медицинска нега, како и да ги квалификува за некои социјални бенефиции. А според некои аналитичари станува збор за легализирање на фактот полските редовни војници и офицерски кадар да станат припадници на украинските вооружени сили. Полјаците, исто така, се и најбројни но и процентуално со најмногу жртви меѓу припадниците и платениците од ткн Странска легија кои се борат на страната на Киев.
Украинскиот претседател во Варшава ги повика полските компании да дојдат во Украина и пред завршувањето на војната за да си обезбедат подобра позиција на украинскиот пазар.
Во текот на состанокот украинскиот претседател, Дуда рече дека Полска на самитот на НАТО во јули во литванската престолнина Вилнус ќе се ангажира на тоа да добие дополнителни безбедносни гаранции за Украина. Додаде дека Варшава на Киев веќе му дала четири авиони „МиГ-29“ од резервите, а подготвува уште четврти такви борбени летала за да ѝ ги предаде на украинската војска.
Зеленски им се заблагодари на претседателот Дуда и на Полјаците на помошта којашто ја пружиле „на тешкиот пат до украинската победа“.
Според Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (UNHCR), Полска додели статус на заштита, во согласност со националното законодавство, на околу 1,6 милиони бегалци од соседната земја.
Во средата, претседателот Дуда на својот колега Зеленски му го додели највисокото полско одликување – Орденот на белиот орел. Во образложението наведе дека неговите заслуги во продлабочувањето на полско-украинските односи и за неговата посветеност да работи на безбедноста и одбраната на човековите права, објасни полскиот претседател.
Тајната цел на посетата на Варшава
Зеленски посетата на Варшава ја искористи како подготовка за почеток на преговори за прекин на огнот со Русија, тврди поранешниот командант на копнените сили на полската армија, генералот Валдемар Скшипчак во интервју за Rzeczpospolita кое беше објавено на денот на разговорите на украинскиот претседател со својот полски домаќин.
Според неговата процена, војната во Украина се претворила во „стратешка ќороскак“ и оти сѐ укажува на приближувањето на моментот кога конфликтот треба да биде прекината со „политички средства“. Затоа, како што нагласува Скшипчак, во блиска иднина наводно треба да се очекува обид за постигнување некаков компромис меѓу Киев и Москва.
„Важно е дека, од гледна точка на Зеленски, ова не е тајно ноќно патување со воз во Варшава, туку официјална посета на претседателот на Украина кај претседателот на Полска. Мислам дека ова е првото од низата такви патувања. Зеленски треба да почне да создава околу себеси атмосфера на политичка поддршка. Тој има воена поддршка, но сега кога се ближи крајот на војната, според мене, потребна му е политичка поддршка“, оценува полскиот генерал.
Додава и дека зголемениот замор на Западот од војната во Украина, исто така, ќе придонесе за барање решение за неа.