Пјонгјанг предупреди дека воените вежби на САД и Сеул го туркаат полуостровот кон нуклеарна војна

Северна Кореја во четвртокот ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите до работ на нуклеарна војна на Корејскиот полуостров преки нивните зачестени и интензивирани заеднички воени вежби и вети дека ќе одговори со „офанзивна акција“, пренесуваат агенциите повикувајќи се на севернокорејски државни извори.

„Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот полуостров до неповратна катастрофа… на работ на нуклеарна војна“, се вели во написот цитиран од Reuters.

Американските и јужнокорејските воени сили изведуваат низа масивни годишни пролетни вежби од март, вклучително и воздушни и поморски маневри коишто вклучуваат американски носач на авиони заедно со неговата ударна група борбени бродови и стратешките бомбардери „B-1B“ и „B-52“ кои можат да носат и нуклеарно оружје, како и заедничките први големо вежби на десант со амфибии во последните пет години.

Северна Кореја секогаш жестоко одговара на таквите вежби кои ги смета за подготовка за инвазија врз нејзината територија, со лансирање и тестирање на моќни проектили и нови видови вооружување.

Севернокорејската армија последните седмици ги засили своите воени активности претставувајќи нови помали нуклеарни боеви глави, најавувајќи производство на повеќе нуклеарен материјал за оружје и тестирање на уред за кој се смета дека е подводни јуришно беспилотно возило кое може да носи боеви нуклеарни глави.

Минатиот месец Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи го одговор на сојузничките вежби.