Најмалку пет жртви во поплавите на Филипините

Најмалку пет лица загинаа во поплавите кои ги зафатија Филипините.

Наврнало 300 литри дожд на метар квадратен, а ветрот бил со брзина од 95 до 120 километри на час.

Над 200.000 Филипинци синоќа беа евакуирани од своите домови, најмногу поради стравот дека и онака поплавената Манила може да настрада уште повеќе од надојдените планински реки во околината на главниот град.

Ураганот го напушта Филипинскиот архипелаг и в понеделник ќе стаса до Тајван.