
ОВЕН
Денот го започнувате многу самоуверено и се чини дека ништо не може да ве запре. За кратко време успевате да постигнете импресивен резултат. Сепак, не брзајте да славите. Имате уште долг пат да изодите пред да уживате во целосниот успех. Состанокот со деловен партнер ќе може да ви даде добра идеја. Искористете ја.
БИК
Нема да ви недостигаат успешни ангажмани и на личен и на професионален план. Некои од вас ќе патуваат, а другите ќе работат на консолидирање на веќе освоените позиции. Трескавичното возбудување, а можеби и силната љубов, може да предизвикаат сериозни одлуки и долгорочна посветеност. Денот ќе ви понуди пријатен и успешен развој на вашите активности.
БЛИЗНАЦИ
Ќе имате полза од средбата и комуникацијата со луѓе кои имаат повеќе информации за областа во која работите. Ќе сакате да го впивате материјалот и паметно ќе го примените искуството на другите. Вашите напори ќе ви донесат успех во иднина. Возбудени сте поради претстојниот настан и ќе ги споделите деталите со вашето семејство.
РАК
Ќе дојде до израз вашата незаинтересираност за работа која беше настрана од вшатето вниманието, а која денеска ќе дојде на дневниот ред. Постигнувањето договор со партнери или учесници во професионална задача ќе ги расчисти деталите и тогаш работата ќе ви стане полесна. Со трпение и без форсирање на настаните, вашите работи добро ќе се усогласат.
ЛАВ
Пристојни, одмерени и деловни, ќе оставите добар впечаток кај другите. Го најдовте вистинскиот тон во комуникацијата и ќе се слушне вашето мислење за заедничките прашања. Денеска имате причини да бидете задоволни со себеси, работите се уредуваат според очекувањата и ги гледате вашите намери во перспектива.
ДЕВИЦА
Би било добро денеска да не им се препуштите на моменталните расположенија. Негрижата од ваша страна може да ве чини многу проблеми. Прифатете понуда од некој близок, но внимателно испланирајте го вашиот начин на дејствување. Колку повеќе сте фокусирани, толку помалку грешки ќе направите. Размислете за забава во вечерните часови.
ВАГА
Може да наидете на лоша волја кај другите. Бидете потрпеливи и застанете на своето. Не таите лоши мисли в себеси. Ќе дознаете пријатни вести кои се однесуваат на вашиот бизнис. Немате трпение за претстојните случувања. Многу е важно да бидете добро подготвени. Искористете ја помошта од блиска личност.
ШКОРПИЈА
Не им замерувајте на другите. Секој има свои проблеми и не навлегува во вашите. Мобилизирајте се, засукај те ги ракавите и ќе успеете. Може да настанат конфликти во семејството и треба да ги балансирате расположенијата. Времето минати надвор од домот ќе ви користи.
СТРЕЛЕЦ
Денеска работата за вас останува во втор план, бидејќи сте зафатени со решавање на прашања од лична природа. Консултирајте се со блиска личност за проблем што ве засега, тајноста веројатно нема да биде корисна во овој случај. Меѓутоа, ако предолго се двоумите, тешко дека ќе бидете задоволни со она што ви го нуди ситуацијата.
ЈАРЕЦ
Со верба во сопствените сили и без подлегнување на туѓите предлози ќе постигнете сѐ што планирате за денеска. Деловните ангажмани ќе ги зголемат вашите добри очекувања на професионален план. Некои од вас ќе уживаат во одморот. Однесувајте се кон луѓето со кои комуницирате со почит и ќе бидете добро.
ВОДОЛИЈА
Минатото ќе ве потсети за себеси во лицето на личност со која сте доживеале пријатни заеднички моменти. Сепак, ќе ги преземете работите во свои раце и ќе дејствувате без да бидете роб на минатите чувства и емоции. Периодот е важен за вас, мобилизирајте ги силите и работете побрзо да ја реализирате вашата амбиција.
РИБИ
Ќе го продлабочите своето знаење за теми од областа на вашите професионални интереси, со надеж дека ќе ги подобрите и вашите финансии. Во овој поглед, ви претстојат пројави кои ќе ја зголемат вашата популарност, давајќи ви можност да се занимивата со она што го разбирате и што го сакате.