![вода](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/4f6bc95b0a51687620af448ccd23d463_xl-244109.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Поради уличен дефект на ул.Хашка 19, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од ул.Хашка, Бањалучка, Будимпештанска, Урош Џудовиќ и дел од Женевска во општина Карпош.
Како што информира РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на работите.
Поради изведување на водоводен приклучок на Христо Татарчев бр.47 г, прекинато водоснабдување од 09 часот до завршување на работите ќе имаат и корисниците на потегот од раскрсницата Франк Харкорд Манинг до Христо Татарчев кружен тек, Христо Татарчев крак 2 и дел од Димо Хаџи Димов, во Општина Кисела Вода.