Минимална кошничка за март изнесува 50.070 денари

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажува последната анализа на Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, за основните месечни трошоци за едно просечно четиричлено семејство.
Според пресметките на Синдикатот, најмногу, или 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за сметки односно за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиена 3.186 денари.
Минималната плата во земјава за март, изнесува 20.175 денари, според промените кои ги воведе Владата. Државниот завод за статистика, пак, пресмета дека просечната плата во државава за месец јануари изнесува 33.943 денари.