
ТЕЦ „Неготино” не работи од ноќеска на полноќ затоа што влегуваме во ремонт од 70 денови, изјави за МИА, генералниот директор Небојша Стојановиќ.
– Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во целост ќе се надоместува од енергетските капацитети РЕК „Битола”, РЕК „Осломеј” и обновливите извори на енергија, коишто се расположливи од АД ЕСМ – појасни Стојановиќ.
Стојановиќ нагласи дека ќе нема никаков проблем со електрична енергија.
– Без застој, работевме во полн капацитет од почеток на декември месец, досега. Четири месеци без ниеден испад, без ниеден застој. Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега, ТЕЦ „Неготино” во период од година и половина и повеќе, нема влезено во редовни ремонтни активности -рече Стојановиќ.