Истекувањето доверливи документи предизвика паника во Пентагон, пишува WP

Истекувањето на доверливите документи на социјалните мрежи предизвикало паника во водството на американското Министерство за одбрана бидејќи го открива собирањето на информации и за непријателите и за сојузниците, објави во саботата The Washington Post повикувајќи се на свои извори.

Според соговорниците на весникот, во петокот Пентагон „го ограничил процесот на пренесување на разузнавачките информации“ како одговор на протекувањето на документите минатата седмица. Еден од изворот на WP потегот го опишал како „невообичаено строго ограничување“ и додал дека „тоа укажува на високо ниво на паника во водството на Пентагон“.

Од своја страна, пак, како што се додава во написот, европската разузнавачка заедница е загрижена дека Вашингтон на сојузниците може да им го ограничи пристапот до разузнавачките информации кои ги поседуваат САД.

Повеќето од објавените документи носат посебни ознаки кои забрануваат нивно споделување со странски државјани. Меѓутоа, другите членки на „Петте очи“ (Five Eyes – FVEY) разузнавачки сојуз на САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, законски можат да добијат цела серија од тие документи.

Во некои од појавените документи се содржат американски разузнавачки податоци за активностите на Велика Британија и Канада, што „сугерира дека последиците од протекувањето нема да бидат ограничени само на САД“, се наведува во написот на WP. Авторите велат дека во саботата американските власти и нивните странски сојузници „биле шокирани, а во некои случаи и гневни, од необично широкиот спектар поединости кои откриваат како САД подеднакво ги шпионираат и непријателските и пријателските земји“.

Неколку функционери од странски држави, кои не се именувани, рекле дека во моментов се проценува штетата од истекувањето, а многумина од нив го поставуваат прашањето како протекувањето на документите останало незабележано толку долго. Весникот притоа наведува дека објавувањето на доверливите материјали може да „предизвика дипломатски разлики“ меѓу сојузниците и партнерите на САД.

Како што се забележува во написот на The Washington Post, досега „сѐ уште не јасен целосниот обем на истекувањето“, и веројатно досега е објавен само првиот дел од документите. Според еден од соговорниците на весникот, повеќето од тие извештаи биле подготвени изминатата зима за челникот на Комитетот на началниците на генералштабовите на американската армија Марк Мили.

Во написот, исто така, се наведува дека доверливите документи кои се најдоа на интернет „влијаат врз речиси сите сфери на активност на американскиот разузнавачки апарата“. Тие, особено, откриваат како Централната разузнава агенција (CIA) регрутиран агенти „запознаени со затворените разговори на светските челници“, како и како Соединетите држави ги следат движењата на руските вооружени сили.

Документите содржат тактички информации за руските борбени операции во Украина, вклучително и информации за нивното на борбен потенцијал на украинските безбедносни сили. Така, во нив се опишува „колку се исцрпени украинските сили по повеќе од една година“ по инвазијата на Русија.

Соговорник на WP од украинската влада во саботата изјавил дека „истекувањето ги вознемирило воените и политичките челници во Киев, кои се обидуваа да ја прикријат ранливоста поврзана со недостигот од муниција и други податоци на бојното поле“. Додал дека украинските власти се загрижени и за можноста од објавување нови доверливи информации кои се однесуваат на Украина и нејзините сили.

Претходно американските медиуми објавија дека Пентагон и Министерството за правосудство покренале истрага за истекување на доверливите документи кои се однесуваат на плановите на САД и НАТО да ја подготват украинската армија за долгонајавуваната противофанзива. Во некои од тие материјали, кои се на најдоа на апликациите Twitter и Telegram се откриваат податоци за распоредот за испораките на оружје и бројот на трупите.

Во петокот весникот The New York Times објави дека на интернет се појавил нов дел од американските тајни документи во врска со војната во Украина. Беше наведено дека се нашле и материјали кои се поврзани со дејностите во однос на Блискиот исток и Кина.