
Пропадна и третиот јавен повик на Град Скопје за избор на приватни превозници на линиите каде што нема јавни автобуси.
Од Градот Скопје немаат објаснување за јавноста која е причината што ќе пшродолжи хаосот со превозот во главниот град.
Наместо тоа, објавен е нов повик под истите услови како и претходниот. Се бараат превозници за 16 линии.
Единствено е познато дека пред околу три недели градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека имало заинтересирани.
За овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи. Новиот повик ќе трае до 24 април.
Во февруари превозниците постигнаа договор со Градот, долгот да се плати и да се пријават за да почнат со работа, но засега нема ништо од тоа.