Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед подготвува летно „чистење“ на соблекувалната, дури 13 играчи би можеле да го напуштат „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.
Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг сака да продолжи со обнова на својот тим ова лето. Тој ги составува парчињата од играчкиот мозаик, а се шпекулира дека на излезната врата од клубот се меѓу другите Ентони Еланга, Ерик Бејли, Арон Ван-Бисака, Алекс Телес, Дони ван де Бик, Факундо Пелистри, Брендон Вилијамс, Ентони Марсијал…
Капитенот на клубот Хари Мегваер, исто така, е меѓу играчите чијашто иднина на „Театарот на сништата“ е доведена во прашање.
Исто така, се шпекулира дека Тен Хаг ќе се обиде да го ангажира мексиканскиот напаѓач на холандски Феенорд, 21-годишниот Сантијаго Хименез кој оваа сезона постигна 18 гола на 36 настапи во сите натпреварувања.
Хименез му се приклучи на Феенорд минатото лето од мексиканскиот Круз Азул и ужива во својата прва сезона во Европа.
Феенорд, кој моментално има осум бодови повеќе од второпласираниот Ајакс, води во Ередивизијата и го очекува четвртфиналето на Лига Европа.