Дали Владата има потпишано договор каде се обврзала да обезбеди закон од 60 часа работни неделно за работниците кои ќе работат на коридорите? Доколку не се обезбеди 60 часовна работна недела за изградба на Коридорот 8, државата ќе плаќа пенали на стратешкиот партнер: 53.000.000 евра еднократно; 1.265.000 месечна исплата, 900.000 евра месечно додека трае сегашната работна недела од 40 часа, напиша на Фјесбук Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Кој прави робови од работниците?
Согласно член 353 од КЗ став 1, службеното лице со пречекорување на границите на своето службено овластување на друг му нанесува штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
Дополнително, според став 5: ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 5 години, додава таа.