Американските разузнавачи се сомничави во врска со можната украинска противофанзива, сметајќи дека таа би можела да оствари само „скромни територијални придвижувања“, според еден од доверливите документи коишто протекоа во јавноста, објави во вторникот The Washington Post.
Документот е објавен заедно со десетиците други доверливи документи коишто откако со денови се наоѓале на социјалните мрежи Twitter и Telegram минатиот петок за нив објави весникот The New York Times.
Некои од нив се однесуваат на ситуацијата во Украина, а според еден од нив посветен на состојбата на украинското боиште на почетокот од март, а други се однесуваат за ситуацијата на поедините боишта, како што е Бахмут, или за клучната противвоздушна одбрана на главниот град Киев. И сето тоа, кога пролетва се очекува долгонајавуваната пролетна офанзива.
Украина ги уверува западните сојузници и поддржувачи дека формирала десетина јуришни бригади и создала резерви од муниција, настојувајќи наводно истовремено да ги штеди своите војници и да го исцрпи противничките сили на боиштето во пресрет на најавената офанзива, и покрај токму спротивните извештаи, во прв ред во Бахмут.
„Меѓутоа, цврстата руска одбрана и трајни украински недостатоци кои се однесуваат на собирање и увежбаност на единиците и резервите веројатно ќе го стават на тешко искушение секој напредок и ќе ги зголеми загубите во офанзивата“, се наведува во доверливиот документ кој го цитира The Washington Post.
Покрај тоа, во друг документ кој протекол во јавноста се наведува дека наводно египетскиот претседател Абдел Фатех ал-Сиси наредил производство на 40.000 ракети кои би требало да бидат испорачан и Русија, повикувајќи ги надлежните тоа да биде тајна „за да се избегнат проблеми со Западот“, наведува весникот во друг напис.
Според The Washington Post овој дел од американските доверливи документи од февруари и март се нашле на чет-апликацијата Discord. Но во вторникот таквата операција на Египет ја негираше портпаролот на тамошното министерство за надворешни работи Ахмед Абу Зејд, кој рече дека од самиот почетокот на војната во Украина, Каиро е подеднакво дистанциран од двете страни, и оти повикува на политичко решение на судирот, објави агенцијата РИА.
САД, исто така, ја негираа информацијата за египетските ракети, прецизирајќи дека „нема никакви индиции дека еден таков проект е спроведен“. „Египет е близок партнер и редовно соработуваме со неговите челници во широк спектар регионални и светски прашања“, рекол за Reuters висок неименуван американски функционер.
Фотографии од многубројни доверливи документи на Пентагон и американското разузнавање последните денови се објавени на Twitter, Telegram, Discord и другите платформи, од кои некои циркулирале на интернет со седмици пред да го привлечат вниманието на медиумите.
Пентагон оцени дека истекувањето на овие документи е „многу голем“ ризик за американската национална безбедност. Многу од тие документи повеќе не се достапни и американските власти работат на тоа да ги отстранат од интернет.