
ФБИ деновиве ги предупреди потрошувачите да не користат бесплатни јавни станици за полнење на своите телефони, велејќи дека измамници успеале да ги преземат јавните полначи и да ги заразат уредите со малициозен софтвер или софтвер што може да им овозможи на хакерите пристап до телефонот, таблетот или компјутерот.
„Избегнувајте користење бесплатни станици за полнење на телефони на аеродроми, хотели или трговски центри“, се вели во твитот од канцеларијата на ФБИ во Денвер. „Лошите момци открија начин да ги користат јавните USB порти за да воведат малициозен софтвер и софтвер за следење на уредите. Носете свој полнач и USB-кабел и наместо тоа користете електричен штекер“, порачаа од таму.
ФБИ нуди и други слични упатства на својата веб-страница за избегнување јавни полначи. Канцеларија во Денвер соопшти дека пораката била советодавна и дека нема конкретен случај што би ја поттикнал.
Сојузната комисија за комуникации, исто така, предупреди на „juice jacking“, како што е позната шемата за прикачување на малициозен софтвер, почнувајќи од 2021 година.
Потрошувачките уреди со компромитирани USB кабли може да бидат преземени од софтвер кој потоа може да извлече кориснички имиња и лозинки, предупреди тогаш FCC. Комисијата им порача на потрошувачите да ги избегнуваат овие јавни станици.