Русија нема да го смени пристапот во случајот на новинарот на WSЈ

Reporter for U.S. newspaper The Wall Street Journal Evan Gershkovich, detained on suspicion of espionage, leaves a court building in Moscow, Russia March 30, 2023. REUTERS/Evgenia Novozhenina

Висок руски функционер изјавил во средата дека ставовите на САД дека новинарот на The Wall Street Journal, Еван Гершкович е наводно „неправедно притворен“ не значи ништо за Русија, како и дека нема да се промени нејзиниот пристап во овој случај, пренесе агенцијата ТАСС.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го уапси американскиот државјанин Герпкович кон крајот на март под обвинување дека се занимавал со шпионажа за што му се закануваат 20 години затвор.

Неговото апсење го критикуваа The Wall Street Journal, други западни медиуми, западни невладини организации за човекови права и американскиот претседател Џо Бајден кој побара „неодложно ослободување“ на Гершкович.

Суд во Москва следната седмица ќе ја сослуша жалбата поднесена од тимот адвокати на Гершкович на одлуката дека тој останува во притвор во московскиот затвор Лефортово најмалку до 29-ти мај.

Заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Русија во моментов разгледува одобрување на конзуларен пристап на американските дипломати до Гершкович, кој според американските медиуми наводни досега имал само минимален контакт со својот адвокатски тим од притворањето пред две седмици.

Рјабков, исто така, ги критикуваше обидите од Вашингтон „да ја притиснат“ Москва по ова прашање.

„Нема да толерираме никакви обиди за притисок врз нас и не е важно какво статус на тоа лице ќе му додели Вашингтон. Ќе се однесуваме согласно своите внатрешни норми, закони и потреби кои важат во оваа ситуација. Ништо повеќе од тоа“, рекол Рјабков.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот телефонски разговарал со семејството на Гершкович, порачувајќи дека Вашингтон прави „сѐ што е во негова моќ“ да обезбеди негово ослободување.

Гершкович е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа од крајот на блоковската идеолошка Студена војна до последната деценија од минатиот век.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 30-ти март објави дека Гершкович е уапсен под обвинение за собирање доверливи информации за руска воена-индустриска компанија. Без наведување поединости ФСБ извести само дека дописникот на WSJ бил приведен во моментот кога требало да дојде до доверливи податоци за воено-индустрискиот комплекс во градот Екатеринбург, во подножјето на Урал.

Притоа руското министерство за надворешни работи, каде се регистрираат странските дописници во Русија, посочи дека Гершкович за патувањето во Екатеринбург, на 1.800 километри источно од Москва, не се придржувал до процедурата и не известил за своето патување, откако се појавија информации дека наводно за патувањето го известил министерството за надворешни работи, откако му било наводно одобрено за одбрана.

Весникот негираше дека Гершкович се занимавал со шпионажа, а Белата куќа ги нарече „смешни“ обвинувањата за шпионажа.

Гершкович, според официјалната биографија, е роден во семејство на советски емигранти, а растел во американската сојузна држава Њу Џерси. Во Москва се доселил во 2017 година за да работи за странски финансираниот медиуми Moscow Times, а потоа работел и за француската новинска агенција AFP.

По почнувањето на руската „специјална воена операција“ во Украина, на крајот од февруари 2022 година, Гершкович бил во Лондон и требало да се врати во Русија за да се придружи на дописништвото на The Wall Street Journal. Било решено да живее во Лондон и често да патува во Русија како новинар акредитиран при министерството за надворешни работи.