По осум дена од свечената церемонија за означување на почетокот на изградбата на Коридорот 8, конечно стигна одговор на прашањето кој платил за настанот.
Првиот вицепремиер Артан Груби, кој е координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д, на денешниот брифинг со новинарите посочи дека свеченоста ја платил изведувачот, во случајот американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
„Изведувачот плати“,кратко рече Груби.