Државниот пазарен инспекторат на територија на цела држава извршил над 650 надзори и контроли и забележал прекршувања на владините одлуки кај 22 економски субјекти за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1.300.000 денари, соопшти ДПИ. Дополнително, има постапки во тек од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кои ја прекршиле Одлуката.
Од ДПИ велат дека се контролираат економски субјекти на цела територија на РС Македонија, по Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Сл. Весник на РСМ бр. 78/23) донесена од Владата која се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи:
• до 95 денари за килограм свежи домати,
• до 95 денари за килограм свежи краставици,
• до 70 денари за килограм кромид,
• до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
• до 95 денари за килограм грав,
• до 110 денари за килограм леќа,
• до 75 денари за килограм банани,
• до 60 денари за килограм портокали,
• до 65 денари за килограм мандарини и
• до 60 денари за килограм лимони.