Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со неговиот ирски колега Мајкл Хигинс, пред неговото историско обраќање во ирскиот Парламент.
Се очекува, кога ќе им се обрати на членовите на двата дома на Парламентот, Бајден да ја претстави „заедничката визија“ за иднината на американско-ирските односи, објави „Блумберг“.
Бајден ќе учествува на церемонијата на садење дрвја и ѕвонењето на ѕвоното на мирот во официјалната резиденција на претседателот на Ирска.