СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Б.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’.
На 22.03.2023 во Подрачното одделение на катастар на недвижности Тетово, пријавениот упатил закани кон Б.Т.(55) – директор на Агенцијата на катастар на недвижности додека извршувал службени работи во присуство на поголем број на вработени.