![cavusoglu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/cavusoglu.jpg?resize=696%2C405&ssl=1)
Анкара и Каиро се договорија за подобрување на билатералните односи и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Новата страница што ја отворивме со Египет сакаме да ја исполниме со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара со египетскиот колега Самех Шукри.