Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.