![vang analena berbok](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/vank-analena-berbok.jpg?resize=696%2C448&ssl=1)
Кинескиот прв дипломат Ванг Ји, на средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг, изјави дека се надева оти Германија ќе го поддржи „мирното обединување“ на Кина и Тајван.
Тој потсети дека Кина го поддржала обединувањето на Германија.
– За да се одржи стабилноста во Тајванскиот Теснец, неопходно е цврсто да се спротивставиме на сепаратистичките активности поврзани со независноста на Тајван, наведе Ванг, нагласувајќи дека „враќањето на Тајван во Кина“ е важна компонента на меѓународниот поредок по Втората светска војна.
Ванг, исто така, наведе дека Кина е подготвена да ја зајакне размената и комуникацијата со Германија за да го подобри меѓусебното разбирање и да се подготви за нова рунда кинеско-германски владини консултации.