Верниците, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, вчерравечер се собраа во московската црква Христос Спасител, а велигденската литургија ја водеше патријархот московски и на цела Русија, патријархот Кирил.
Путин се појави во храмот околу полноќ, јави ТАСС, а на велигденската богослужба во главниот храм во земјата присуствуваа претседателот и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Во велигденската порака емитувана на државната телевизија пред почетокот на богослужбата, патријархот Кирил изрази жалење за „сериозните настани што се случуваат во историската руска земја“.
Тој го повтори ставот на Путин и другите руски претставници дека независна Украина е всушност фикција, наведува агенцијата АП.
Кирил повика на молитви дека „мирот и добриот живот, братските односи повторно ќе ги обединат“ народите, кои некогаш беа една нација на обединета Русија.
Путин на сите граѓани на Русија им го честиташе Велигден, објавено е денеска на веб-страницата на Кремљ.
Прекрасниот, сакан празник Велигден им дава надеж на верниците, ги поттикнува добрите мисли и дела и служи за афирмирање на високите морални идеали и вредности во општеството“, се вели во честитката, пренесува Тасс.