Ковачевски немо посматра како Османи го крши Уставот, кој на официјални средби говори само на албански

Молчи премиерот Димитар Ковачевски, молчи Владата, молчи владејачката СДСМ за грубото кршење на Уставот и на Рамковниот договор од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а молчат затоа што се целосно потчинети на ДУИ и подготвени се да голтнат сѐ, само да се одржат уште некој месец на власт, велат во сооштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниот скандал со Бујар Османи покажува дека оваа власт ниту почитува правна држава, ниту владеење на правото. Погазува се што е нормирана одредба во Македонија и за тоа нема никаква санкција. Османи на состанок со неговиот шпански колега, министерот за надворешни работи единствено говорел на албански јазик, иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик. Ковачевски сето тоа немо го посматра и ќути. Ковачевски немо гледа како министер го крши Уставот и користи албански јазик во меѓународна употреба и нема да изусти ни збор.

Чија држава и дипломатија претставува Османи!? Дали Ковачевски има ингеренции да разрешува министри од ДУИ, или тие не одговараат пред него за нивната работа?
Ковачевски е еден тажен лик во Владата кој освен личниот интерес ништо друго не го интересира. Тој не може ни своите министри да ги води, а не па ќе ја води Македонија“, стои во партиското соопштение.