Ставањето на Охрид на листата на загрозени подрачја на агенцијата за светскот културно наследство на Обединетите нации – УНЕСКО ќе предизвика сериозен удар врз локалната економија, а целосно ќе го стопира развојот на градот во секаква смисла на зборот, оцени во понеделникот градоначалникот Кирил Пецаков.
Според најавите, претставниците на Унеско од 25-ти до 27-ми април ќе допатуваат во Охрид.
За Пецаков неприфатливи се тезите на дел од екологистите и граѓанските активисти дека доколку охридското крајбрежје биде прогласено за подрачје во опасност, дури тогаш целото внимание ќе се насочело кон Охрид и оти треба да се искористи шасната да се, најмат странски експерти и да се добие поддршка, вклучително и финансиска. Според градоначалникот, работите не стојат така.
„Затоа што тогаш доаѓаат фондови, ама не фондови да му помогнат на Охрид и да спроведеме ние проекти за 15,20 милиони евра коишто ни се потребни, туку фондови за некој да ни држи предавања како треба и не смееме да го дозволиме тоа. Да, не е по сѐ постапено, за некои работи морало побрзо, за некои работи можеби можело поинаку, но ние суштински сме постапиле во изминатиов период”, вели за Алфа градоначалникот Пецаков.
Според него, Охрид не смее да го изгуби статусот под покровителството на УНЕСКО, но некои работи мора да се променат, затоа што градот мора од нешто да живее. Престрогите критериуми кои го наметнува УНЕСКО го спуштија прагот на толеранција и предизвикаа отпор кај граѓаните.