Путин ги пофали поморски вежби на високо ниво во Пацификот

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот многу позитивни ги оцени воени вежби во водите на Пацификот за кои рече дека се на исклучително високо ниво, а во кои се вклучени десетици воени бродови и авиони, во периодот на руско-кинеското приближување и тензиите со Западот предводен од САД.

„Првата газа на оваа ненадејна вежба беше на исклучително високо ниво“, рече задоволно Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Воената вежба која започна без најава минатата седмица, се случува во текот на тридневната посета на кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу на Русија, што е неговата прва посета на странство откако неодамна беше именуван на оваа позиција.

Во маневрите учествуваат повеќе од 25.000 војници, 167 воени бродови, меѓу кои 12 подморници со различи видови проектили и 89 авиони и хеликоптери, прецизираше Шојгу.

Како што додаде рускиот министер за одбрана, руските сили кои учествуваат во вежбите во првата фаза увежбувале откривање непријателски подморници во близина на Заливот на Петар Велики во Јапонскот Море и во Авачинскиот залив, југоисточно од полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен исток.

Втората фаза која започна во понеделникот опфаќа вежби за проверка на капацитетите на стратешките подморници и нивната способноста да ги користат вооружувањата, во прв ред противвоздушната одбрана во Охотското Море, меѓу Русија и Јапонија, во Тихиот Океан, истакна Шојгу.

Третата и последна фаза започнува во вторник, а се состои од ракетни гаѓања на непријателски подморници и бродови, како артилериски гаѓања на цели во воздух и на море.

„Денес имаме јасни приоритети во користењето на нашите вооружени сили, станува збор во прв ред за украинското прашање, и за се што е во врска со одбраната на нашиот народ во Донбас“ на истокот на Украина, рече Путин.

„Меѓутоа, никој не ги укина задачите во врска со развојот на флотата, па и на Тихиот Океан“, дада рускиот претседател.

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу кого Владимир Путин го прими во неделата во Кремљ, истакна дека намерно избрал неговото прво патување во странство на новата должност да биде во Москва, изрази задоволство од „цврстата соработка“ меѓу Кина и Русија „која ги надминува воено-политичките сојузи од периодот на Студената војна“.