Министерката за образование на германската сојузна покраина Бранденбург, Брита Ернст, поднесува оставка, изјави во понеделникот портпаролката на покраинската влада.
Покраинскиот премиер Дитмар Воидке, кој исто како и Ернст доаѓа од владејачката централно-левичарските социјалдемократи од SPD, ја прифати нејзината оставка.
Ернст е политичар од кариера и сопруга на германскиот канцелар Олаф Шолц. Таа последниве години постојано беше цел на критики од образовните здруженија и опозицијата, па дури и од сојузната коалициска влада, во која се уште и зелените и либерал-демократите.
Ернст е министерка за образование во покраината Бранденбург од 2017 година. Неа ќе ја наследи државниот секретар за образование Штефен Фрајберг. Вудке ја пофали работата на Брита Ернст.
„Таа ја извршуваше функцијата во тешки времиња – мислам на пандемијата на коронавирусот – со предвидливост и цврста рака. Сигурен сум дека во ретроспектива нејзиниот мандат ќе биде поврзан со важни пресвртници како што е континуираното подобрување на соодносто на персоналот во детските радинки“, рече Воидке.
Почит ѝ оддаде и лидерот на конзервативната парламентарна група на демохрстијанската CDU во Бранденбург, Јан Редман, велејќи дека таа имала задача да ги исчисти „урнатините на неуспешната политика во последните 30 години“.
Меѓутоа, последните критики не доаѓаа само од училиштата и родителите, туку и од SPD и од Зелените во покраинскиот парламент. Ова првенствено се однесуваше на плановите за прераспределба на 200 наставнички места на административни специјалисти и училишни социјални работници. Зголемениот број наставни места беше наменет како основа за одговор на недостигот од наставници, што е проблем во цела Германија.