
Британскиот парламентарен комесар за стандарди отвори истрага против премиерот Риши Сунак овој месец поради можен конфликт на интереси, според списокот на отворени истраги објавени на неговата веб-страница во понеделникот.
На списокот стои дека премиерот е под истрага од 13-ти април. Портпаролот на Сунак рече дека истрагата е поврзана со уделот на неговата сопруга во компанијата за згрижување деца „Koru Kids“.
Опозициските либерални демократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која треба да има корист од владините грантови за грижа за деца објавени во март.
Доколку се утврди дека Сунак ги прекршил правилата, комесарот може да побара да го признае тоа и да се извини и да ги исправи неправилностите. ѐаВо посериозни случаи, прашањето може да биде предадено на комисија која може да наметне санкции, вклучително и суспензија на плаќањето.