Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во вторник во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури се движат од 1 до 8 степени, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, со дневна температура до 17 степени.