Припадници на американските полициски служби уапсени двајца жители на Њујорк поради наводно управување со кинеска „тајна полициска станица“ во кинескиот кварт на Менхетен, соопшти во понеделникот сојузниот обвинител во Бруклин.
Како што е наведено во соопштението за јавноста, 61-годишниот Лиу Џијанванг и 59-годишниот Чен Џинпинг се соочуваат со обвиненија за попречување на правдата и за здружување со цел да дејствуваат како агенти на кинеската влада без за тоа да ги известат властите на САД. Според американскиот Закон за регистрација на странски агенти од 1938 година, кој сега ѝ се оспорува на Русија, лобистите кои работат во име на странска држава се обврзани да се регистрираат во американската федерална влада.
Случајот се појави во време кога американското Министерство за правосудство секојдневно ги зголемува истрагите за она што го означува како обиди за „транснационално угнетување“, кои наводно го вршат американските непријатели како Кина и Иран поради застрашување на политичките противници на тамошните власти а кои живеат во САД.
„Оваа судска постапка го открива очигледното кинеско кршење на суверенитетот на нашата нација со воспоставување тајна полициска станица среде Њујорк“, вели во соопштението Брион Пис, главниот сојузен обвинител во Бруклин.
Обвинителите наведуваат дека Лиу во 2018 година наводно настојувал да увери лице, кое Кина го сметала за бегалец, да се врати во татковината. Додаваат дека тоа лице пријавило дека е вознемирувано и дека добивало закани. Кинеската влада во 2022-ра од Лиу наводно барала да помогне да биде лоциран поединец кој живее во сојузната држава Калифорнија, а кого го сметала активист против комунистичките власти во Пекинг, додаваат обвинителите.
Се наведува и дека двајцата приведени признале пред американското Федерално биро за истраги (FBI) дека ја избришале својата преписка со кинеската влада откако дознале дека се наоѓаат под истрага.
Сојузните обвинители обвиниле повеќе од десет кинески државјани и други поради наводно спроведување надзор и вознемирување на кинески дисиденти кои живеат во САД, вклучително и за наводни насилни обиди за репатријација на лицата коишто кинеските власти ги сметаат за бегалци.
Обвинувањата се појавија откако шефот на FBI, Кристофер Реј пред комитетот на Сенатот ланскиот ноември рече дека е „многу загрижен“ поради присутната на таквите станици во американските градови. Тогаш рече и дека кинеската влада со воспоставувањето на полициската присутност во САД го „крши суверенитетот“ и ја заобиколува соработката со американската полиција.
Ланскиот ноември повеќе западни земји, меѓу кои Канада, Холандија и Германија, објавија за постоењето на наводните тајни кинески полициски станици во големите градови преку кои се следат и заплашуваат Кинези кои се спротиставуваат на политиките на кинеската владејачка комунистичка партија. Кина тогаш одговори дека станува збор за центри за помош на кинеските државјани во странство кои пружаат услуги за вадење лични документи поради оддалеченоста на матичната земја.