
На 16.04.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(37) од село Оризаре, липковско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 и „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
На 17.04.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.В.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 17.04.2023 во 16.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 17.04.2023 во 14.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.