Реал Мадрид и Челзи договараат голема зделка, четири играчи ќе се преселат на Бернабеу!?

Шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез е во Лондон каде договара трансфер на играчи од Челси, кралевите сакаат да ангажираат четворица фудбалери од Стемфорд Бриџ.

Се работи за Матео Ковачиќ, Рис Џејмс, Рубен Лофтус-Чик и Мејсон Маунт. Не е познато колку би го чинел Реал Мадрид еден ваков шопинг во Лондон.

Нема информација дали Челзи ќе добие некој играч од Реал Мадрид со цел цената за кралевите да биде подостапна.

Челзи во изминатите два преодни рока донесоа многу фудбалери, па клубот мора да се ослободи од дел од играчите за да функционира нормално.

Проблем ќе биде и тоа што следната сезона Челзи нема да игра во Лигата на шампионите, па наместо приходи од тоа натпреварување, ќе треба да продадат дел од играчите.