ДС: Груби за предизборна корупција формира ново министерство за проектот „Бехтел и Енка“

Интегрално соопштение од Демократски сојуз:

Со огласот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за вработување на 30-тина лица во новоформираната Проектна единица за спроведување на договорот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д, очигледно е дека Артан Груби формира ново министерство, кое за предизборни цели ќе располага со огромни средства за корупција.

Станува јасно дека огласот за ангажирање на помошник координатор на проектот директно го заобиколува директорот на ЈПДП, а со тоа и Министерството за транспорт и врски кои се надлежни за изградба на автопатите. Наместо нив, Артан Груби, кој е министер за политички систем и координатор за спроведување на договорот, кој го креираше како координатор на Комитетот за подготовка на договорот, директно ќе одлучува за ангажирање на лојални партиски кадри во Проектната единица, за легализација на дивоградби на теренот, за сеча на шуми и сл. и всушнот за исплата и распределба на финансиски средства од неколку стотини милиони евра.

Најновиот развој на настаните само ги зголемува сомнежите за коруптивноста на овој проект, кој власта ќе го злоупотреби со легализација на криминалот преку донесување на девет закони во скратена постапка.