
Русија има програма за саботажа на морксите и крајбрежните електроветерници и телекомуникациските кабли во Северното Море, се тврди во заедничкото истражување телевизии на нордиските земји без приложување докази.
Во истражувањето, за кое нема податоци кога и како било спроведено ниту на кои показатели и документи се темели, јавните телевизии на Данска, Норвешка, Шведска и Финска тврдат дека Русија поседува флотила бродови наводно маскирани во рибарски и истражувачки пловила во Северното Море.
Тие бродови, се тврди натаму во извештајот на телевизиите, наводно пренесуваат опрема за поморски надзор и ги мапираат клучните точки за потенцијална саботажа, пишува BBC кој пренесува и дека британските функционери „се свесни за такви пловила и во близна на британските води“.
Првото продолжение од серијалот ќе биде емитуван подоцна во средата на јавните телевизии на четирите споменати нордиски земји.
Дански контраразузнавачки функционер за Reuters оценил дека плановите за саботажа се подготовка во случај на целосен судир на Русија со Западот, а норвешки разузнавачи тврдат дека со програмата се управува директно од Москва, како и дека таа е „многу важна“ за Русија.
Телевизиите тврдат дека наводно пресретнале руска комуникација за таканаречените „бродови сеништа“ во северните води, кои ги исклучуваат трансмитерите за да не ја откријат својата локација.
Извештајот е насочен на рускиот брод „Адмирал Владимирски“, кој е познат како океанографски брод за истражување на подморјето. Но нордиските земји тврдат дека всушност станува збор за шпионски брод.
Овој брод се проближувал на крајбрежните ветерници за производство на електрична енергија, а кога новинар на помал брод му се приближил наводно бил пречекан од маскиран поединец со пушка. Тоа не е изненадување, бидејќи станува збор за стратешко научно пловило на Русија, чии објекти и поединци беа цел на саботажи од западните и украинските служби, вклучително и кревањето во воздух на двата руски гасоводи Северен тек во Балтичкото Море, токму во територијалните води на Данска и Шведска.
Бродот „Адмирал Владимирски“ бил забележан минатата 2022 година во близина на шкотскиот брег. Холандските разузнавачи во февруари годинава издадоа невообичаено предупредување за активност којашто би можела да биде индиција за подготовка за саботажа на подводна инфраструктура, во врска со присутноста на рускиот брод.