Расте бројот на банкротите во Германија

Германските судови во март годинава примиле за 13,2 отсто повеќе барања на компаниите за покренување стечајни постапки отколку во февруари, покажуваат прелиминарните податоци кои во средата ги објави статистичкото биро.

Во февруари бројот на таквите барања на месечно ниво се зголемил за 10,8 отсто, потсетуваат од Destatis.

Статистичарите истакнуваат дека постапките се вклучени во статистиката дури по првата одлука на стечајниот суд, што значи дека во бројни случаи барањето е поднесено приближно три месеца порано.

Конечните бројки за поведените стечајни постапки се достапни само за јануари, нагласуваат од германското статистичко биро.

Германските судови известија дека во јануари се поднесени 1.271 барање за објавија на банкрот на компанија, што е за 20,2 отсто повеќе отколку во јануари минатата 2022 година. Ланскиот декември, на пример, такви постапки имало за 19,7 отсто повеќе отколку во истиот месец претходната година, велат од Destatis.

Судовите проценуваат дека веројатните побарувања на доверителите ќе изнесува околу 2,3 милијарди евра. Во јануари 2022 година процените се движеле малку над 1,4 милијарди евра, покажува извештајот на Destatis.

Најмногу стечаи на компаниите во јануари се забележани во градежниот сектор, вкупни 246 фирми, што е за 19,4 отсто повеќе отколку во истиот месец претходната година. Следи секторот трговија со 204 стечаи или за 27,4 отсто повеќе отколку во истиот период ланската година.

Последните неколку години бројот на стечајните постапки биле на ниско ниво, благодарејќи на државните поддршки и делумно запирање на обврската за покренување на стечајот, и покрај пандемијата на коронавирусот и енергетската криза.

„Зголемувањето на бројот на стечаите во корпоративниот сектор ја покажува нормализацијата на ситуацијата (…) во долгорочна споредба“, појаснува претседателот на стручното здружение на стечајните управители Кристоф Ниринг.

Истакнува притоа дека поголемиот број на стечаите на компаниите во одредени сектори, моментално во градежништвото и модната индустрија, сѐ уште не сигнализира долгорочно влошувањето на ситуацијата во економијата во целина.