Овен
Зафатените распореди, дополнителните обврски и роковите ќе ве одржат доста активни, но сето тоа ќе се исплати. Вашиот обид да освоите некого конечно успева. Насмејте се на новата љубов бидејќи ве очекува убав и возбудлив период кој тотално ќе ве промени!
Бик
Концентрацијата на работа ви опаѓа, а вие упорно се обидувате да го постигнете невозможното. Полека, направете кратка пауза за да ги наполните батериите и продолжете да ги постигнувате резултатите на кои сте навикнати. Ви се допаѓа мистериозна личност, но не организирајте намерно видување преку заеднички пријатели – нека сето тоа се случи спонтано.
Близнаци
Некои од вас веројатно ќе уживаат во долго возење денес, па многу е можно да сретнете некој кој е поврзан со вас. Финансиската неизвесност која владее подолго време веројатно наскоро ќе исчезне. Вашиот професионален успех е предвиден затоа што успевате сами да се справите со комплицираните ситуации.
Рак
Оние кои планираат да купат недвижен имот веројатно ќе добијат одлична понуда на која нема да ѝ одолеат. Без разлика, ќе добиете чувство дека сте финансиски сигурни и стабилни, но тоа не значи дека не треба да се трудите повеќе. Можни се конфликти со партнерот, подгответе се за нешто потурбуларен период на емотивно поле.
Лав
Ова е одличен ден да постигнете се што сте зацртале! Парите што се обидувате да ги вратите ќе треба да почекате уште малку, бидете трпеливи. Не сте расположени за врска со партнер, желни сте за дружење, излегување и пријатели! Поканете ги, ве очекува совршена вечер!
Девица
Ви доаѓаат неочекувани приходи, но сепак се чувствувате незадоволни. Обидете се да научите да им кажувате „не“ на колегите, соработниците и претпоставените за да го зачувате вашиот имунитет, но и вашето здравје. Ќе ве изненади личноста за која отсекогаш сте сонувале – бидете спремни да поканите на кафе!
Вага
Не земајте повеќе отколку што можете да поднесете на деловното поле, тоа може да ве доведе во непријатна ситуација. Доброто планирање ќе ви помогне да ги решите семејните проблеми. Сериозните планови со партнерот нема да дојдат кога ќе ги „присилите“, бидете трпеливи и искрено разговарајте.
Скорпија
Вашиот недостаток на иницијатива може да изостави некои добри можности, бидете внимателни. Мило ви е што ве гледаат во општеството и не можете да се носите со телефонски повици и пораки. Движете се колку што можете повеќе, бидејќи наскоро може да ви се случи сериозна и вистинска врска!
Стрелец
Не сте задоволни од деловната ситуација, но не се осмелувате да ризикувате. Пробајте затоа што нема да бидете задоволни ако нешто направите со сила. Партнерот ќе ве поддржи, а тој ви подготвува убаво изненадување!
Јарец
Моментално ве интересира само љубовта и ништо повеќе. Допрва следуваат деловни успеси кои ќе ги чувствувате финансиски, но внимавајте некој близок соработник, познаник или пријател да не ви прави нешто зад грб. Има нова личност во вашиот живот, но сите забележуваат дека не сте исполнети.
Водолија
Имате доволно пари за да се препуштите на луксузот, па не би било лошо да пазарувате и да се почестите. Премногу сте посветени на проблемите на другите луѓе и тоа ве исцрпува. Време е малку да размислите за себе, а можете да очекувате повик од поранешната љубов.
Риби
Менувањето на работата изгледаше како добра идеја, но сепак не сте задоволни. Не брзајте, почекајте да помине периодот на трчање и потоа пресудете. Ве очекува напредок во однос на позицијата, но партнерот не разбира зошто сте толку негативни – разговарајте!