15.8 C
Skopje
петок, октомври 18, 2024

ФОТО I Пандев му донесе среќа на Интер, пласманот во полуфиналето во ЛШ го прослави со уште две легенди

Екипата на Интер по пауза од тринаесет години одново ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Момците на Симоне Инзаги го добија четвртфиналниот двомеч со Бенфика и така остануваат во игра за најпрестижниот трофеј, кој Интер го освои токму во сезоната 2009/10.

На трибините на „Џузепе Меаца“ синоќа беше лудо, фановите ги бодреа своите миленици, а во ложата присуствуаа три легенди на клубот, меѓу кои и нашиот Горан Пандев. Освојувачот на Лигата на шампионите заедно со Милито и Паласио го следеа реванш дуелот со Бенфика и на крај го прославија пласманот во полуфиналето.

Таму, Интер го чека двомеч со градскиот ривал Милан, кој исто така повеќе од една деценија не знаеше за пласман меѓу најдобрите четири во ЛШ.