
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е фундаментално ориентирана против Албанците во нашата држава, против изградбата на коридорот 8 и против интеграцијата во Европската Унија и стратешкото пријателство со Соединитетите Американски Држави, реагираат од ДУИ.
– Бруталната безмислена и неискрена кампања на ВМРО-ДПМНЕ против изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја е целосно лицемерие. Едно зборуваат на затворени состаноци, друго во јавност. Напорите на ВМРО да се натпреваруваат во мртвата трка со Левица во тоа кој е поголем антиалбанец, ја враќаат државата пред 2001 година. ВМРО-ДПМНЕ е против Албансккиот јазик и против Охридскиот Рамковен договор, стои во соопштението испратено од ДУИ.
– Демонстрацијата на една едиствена слика во маскирна униформа со празен калашников и опколен со жени и деца на испраќање на Мицкоски како и повиците на војна во Собрание од страна на Николовски, имаат за цел дестабилизација на земјата и испраќање на порака кон Албанците дека тие се второстепени граѓани во државата, велат од ДУИ.