
Иранскиот министер за одбрана Мохамад-Реза Аштиани на церемонија пренесувана на телевизија му предаде „повеќе од 200 стратешки беспилотни летала со долг долет“ на главниот командант на иранската армијата Абдолрахим Мусави, јави новинската агенција IRNA.
Беспилотните летала од домашно производство, опремени со ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, можат да извршуваат мисии за извидување и напад.
Иран почна да развива програми за дронови во 1980-те годни во текот на Иранско-ирачката војна која треаше од 1980 до 1988 година.
Иран во последно време беше обвинуван дека и доставува на Русија свои дронови за напади во Украина. Воените експерти ефикасноста на иранските дронови ја припишуваат на копирањето на американско беспилотно летало кое било хакирано и спуштено во Авганистан, но постојат тези и дека таа американска технологија Москва му ја предала на Техеран, за што иранската страна ѝ испорачала ударни дронови на руската восјка.
Техеран призна дека ѝ доставил беспилотни летала на Москва, но додаде дека тие испораки биле многу пред почетокот на офанзивата врз Украина. Западните земји воведоа санкции кон Иран поради тоа.