„Гугл“ е ист како Националната агенција за безбедност НСА, вели основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој додава дека технолошкиот гигант станал приватизирана верзија на НСА, бидејќи собира и снима податоци за луѓето.
– Бизнис-моделот на „Гугл“ е да собира разузнавачки податоци. Тоа на компанијата ~ носи 80 проценти од заработувачката. Резултатот е дека „Гугл“, во однос на тоа како работи, е речиси идентичен со НСА или британскиот Штаб за владини комуникации – истакнува тој.
Според Асанж, „Гугл“ собира информации за граѓаните, кои ги класифицира.
– Потоа изработува досие за граѓаните, со цел да ги предвиди нивните интереси и постапки, а потоа продава информации, во повеќето случаи на маркетинг-компании, но и на други – нагласува тој.
Според основачот на „Викиликс“, „Гугл“ соработува со НСА најрано уште од 2002 година. Тој тврди дека тие биле вклучени во системот „Призма“ каде штоп речиси сите информации собрани од страна на „Гугл“ ~ биле достапни на НСА.
– На институционално ниво „Гугл“ е длабоко вмешан во надворешната политика на САД. „Гугл“ ги измами луѓето да веруваат дека е забавна хумана организација, а не голема лоша американска корпорација. Но, всушност, таа стана токму тоа. Таа сега е највлијателната комерцијална организација. „Гугл“ сега се прошири до секоја земја, до секое лице што има пристап до интернет – потсетува Асанж.