Сѐ повеќе Шпанци сакаат љубовна врска со повеќе партнери

Шпанците сѐ повеќе го прифаќаат „концептот“ на отворени врски, покажува новото истражување на шпанскиот Центар за социолошки истражувања – владина агенција која го следи јавното мислење за социолошките прашања. Речиси половина од испитаниците сметаат дека е нормално да се има неколку сексуални партнери во исто време.
Имено, околу 47 насто од нив се согласуваат дека едно лице може да има повеќе од една активна сексуална врска истовремено. Ова е зголемување од 10 отсто во споредба со претходното истражување во октомври 2021 година. Анкетата, исто така, покажа дека над 41 отсто од Шпанците сметаат дека партнерите можат да имаат секс со други луѓе вон нивната врска, без да се впуштат во романтична врска со нив.
И покрај сѐ ова, „земјата на Дон Жуан“, сè уште има силна верба во моќта на љубовта.
Речиси 70 насто од испитаниците се согласуваат дека „вистинската љубов може да победи сè“, а 80 отсто рекле дека ако некој е вистински вљубен во својот партнер, тие ќе бидат заедно засекогаш. Дополнително, на огромно мнозинство Шпанци не им пречи ако нивниот партнер е помалку привлечен, помалку образован или заработува помалку од другиот