Русија ќе ги протера германските дипломати од земјата

„Руската страна одлучи да одговори на идентичен начин и да ги протера германските дипломати од Русија, како и значително да го ограничи максималниот број на вработени во германските дипломатски претставништва во Русија, а на 5 април Министерството за надворешни работи на Русија официјално го информираше германскиот амбасадор во Русија, Геза Андреас фон Гејер за оваа одлука“, се вели во соопштението.
Се посочува дека индикативно е тоа што германската страна и покрај постојаното уверување дека нема да ги информира медиумите за ова прашање, го прекрши ветувањето со „редовно користење претставници на медиумите за организирање на контролирано протекување на информациите за масовното протерување на руски дипломати“, пренесува ТАСС.
Министерството во соопштението наведе дека Русија најостро ги осудува овие постапки на официјален Берлин, кој „продолжува демонстративно да уништува цела низа руско-германски односи, вклучително и дипломатски односи“.
Норвешка неодамна протера 15 вработени во руската амбасада во Осло, обвинувајќи ги дека се „разузнавачи кои дејствуваат под закрила на дипломатскиот статус“.