
Полицајците во округот Џаспер добиле дојава за пукање нешто по полноќ. Од канцеларијата на шерифот во соопштението се наведува дека по пристигнувањето на местото на настанот пронашле девет жртви со прострелни рани, кои не биле опасни по живот, пишува Индипендент.
Жртвите биле на возраст од 15 до 19 години. Повеќето од повредените се итно пренесени во болница. За пукањето се познати малку детали. „Работиме на трагите и ги испрашуваме луѓето“, рече портпаролот на канцеларијата на шерифот.
На забавата, наводно, присуствувале ученици од гимназијата „Џаспер“, кои ја имале својата матурска прослава вечерта. Началникот на независниот училишен округ Џаспер, Џон Сејболд, рече дека немало инциденти на самата матура и дека повеќето ученици си заминале до 21 часот.
Престрелката доаѓа една недела откако четири лица беа убиени, а 32 ранети во пукање на роденденска забава во Алабама. За тој напад полицијата сомничи вкупно шест лица.