Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, ги повика во неделата вечерта двајцата водачи на судрените страни во Судан да прогласат примирје и рече дека Унијата ја евакуира својата делегација од суданскиот главен град Картум.
Борел на Twitter објави дека разговарал со командантот на суданската војска и дефакто претседател, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и со командантот на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), генералот Мохамед Хамданд Дагало.
Во објавата наведува дека во разговорите „инсистирал на неопходноста да бидат заштитени цивилите“ во Судан, каде повеќе од една седмица траат жестоките борби. Шефот на дипломатијата на ЕУ, исто така, побарал гаранции за безбедна евакуација за граѓани на Унијата од Судан.
Европската унија ја евакуира својата делегација од Картум, вели во засебна објава Борел. Според него, амбасадорот на ЕУ, Ејдан О’Хара, кој претходно седмицава беше нападнат во насилствата која ја зафатија оваа африканска земја, ќе продолжи да работи во Судан.
Борел пишува дека му „олеснало“ поради фактот што евакуацијата се одвива со поддршка на француската дипломатска служба, француската војска и властите на соседен Џибути.
„Остануваме предадени на стивнувањето на оружјето и помагање на сите цивили кои останале“, вели првиот дипломат на ЕУ.