Во Македонија во понеделникот претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, понекаде и во форма на локално невреме со силен ветер и појава на ситен град.
Утринските температура се движат од 3 до 9, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе достигне 21 степен.