Судот на честа пред одлука за анестезиолот од тетовската болница

Судот на честа при Лекарската комора денеска треба да ја каже одлуката за обвинението против анестезиологот Ваљтон Дервиши, од тетовската болница кој снимаше видеа  во гинеколошкото одделение и ги објавуваше на социјалните мрежи.

Случајот предизвика остри реакции во јавноста бидејќи анестезиологот  ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, и угледот и честа на лекарската професија.