Судан: Ослободени Башир и сојузниците, борбите продолжуваат во Картум

Поранешниот претседател на Судан Омар Хасан ал-Башир седи во кафез во судот каде што се соочува со обвиненија за корупција, во Картум, Судан, 28 септември 2019 година. REUTERS/Мохамед Нурелдин Абдалах

Престрелки и експлозии одекнуваа во средата на западната периферија од суданската престолнина Картум, нарушувајќи го прекинот на огнот воведен поради колапсот на основните услуги, намалените резерви од храна и ослободувањето на поранешниот автократ и неговите сојузници од затвор.

Конфликтот меѓу армијата и паравоените Дили за брза поддршка (RSF) не покажува знаци на стивнување. Војската објави дека поранешниот претседател Омар ал-Башир бил префрлен во воена болница пред избувнувањето на борбите на 15-ти април.

Башир беше преместен од затвор со најмалку пет поранешни членови на неговиот режим, вклучувајќи го и Абдел Рахим Мохамед Хусеин. И двајцата се барани од Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) за злосторства извршени во претходниот конфликт во регионот Дарфур.

Локацијата на Башир беше доведена во прашање откако поранешниот министер во неговата влада Али Харун во вторникот објави дека е ослободен од затворот Кобер во Картум заедно со други поранешни функционери. И Харун е баран од МКС по десетици обвиненија за воени злосторства. МКС го обвини Башир за геноцид, а Харун за организирање милициски напади врз цивили во Дарфур во 2003 и 2004 година.

Илјадници осудени криминалци, вклучително и некои осудени на смрт, беа во големиот затвор, заедно со високи и пониски функционери во режимот на Башир, кој беше соборен пред четири години.

Суданските власти и RSF, кои беа сојузници во соборувањето на Башир, сега меѓусебно се обвинуваат за ослободување затвореници, а полицијата соопшти дека паравоени напаѓачи упаднале во пет затвори во текот на викендот, убивајќи неколку чувари и дека ги отвориле вратите. Од RSF ги обвинија властите за ослободувањето на Харун и другите осуденици.

Коренот на борбата за власт меѓу Бурхан и Дагало е предизвикани со меѓународно поддржаниот план за основање нова цивилна влада и интеграција на RSF во регуларната војска.

Ослободувањето на осудените криминалци придонесе за растечкото чувство на беззаконие во Картум. Жителите предупредија на зголемена несигурност, раширен грабеж и појава на банди кои дивеат по улиците. Покрај од Картум, извештаи за големо насилство доаѓаат и од Дарфур, западен регион на границата со Чад каде во 2003 година избувна страшен судир со над 300.000 мртви и околу 2,7 милиони раселени луѓе.

Башир дојде на власт со воен удар во 1989 година, а беше соборен во народното востание во 2019 година. Армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, со поддршка на RSF водени од генералот Мохамад Хамдан Дагало, дојде на власт во 2021 година со нов државен удар. Сили за брза помош (FSR) се основани во 2013 година и во нивниот состав се илјадници припадници на поранешната бунтовничка милиција Џанџавид, арапска милиција во која ал-Башир регрутираше борци за војување против етничките малцинства.