Мисајловски: Најдобро за вакви големи проекти да има јавна дебата; не сум разговарал со Груби за „Бехтел и Енка“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека најдобро е за вакви големи проекти да има јавна дебата и да се слушне секој и демантираше дека имал средба со Артан Груби за договорот со „Бехтел и Енка“.
-Мене многу ми е жал што не слушнавме мислење од Градежниот факултет и мислам дека е една од најмеродавните институции во Македонија. Ние како пратеници во овој момент, најдобро е да поднесеме амандмани, но и да разговараме за сите овие закони, но најголемиот проблем е што они потпишале како власт договор што пратениците го немаат видено, вели Мисајловски.
Тој меѓу другото истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на автопат, но не за на ваков начин и со ваков договор.
-Ние не сме против изградба на автопат, секој е одлична работа, но не на ваков начин и ваков договор, рече Мисајловски.
Во своето гостување вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21 тој го демантираше вицепремиерот Артан Груби, дека наводно имале средба за „Бехтел и Енка“.
-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за „Бехтел и Енка“ немало, изјави Мисајловски.
наку, Артан Груби вчера на прес конференција истакна дека се сретнал со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски.
-Јас исто така се сретнав и со Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски. Со Александар Николовски во врска со специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија, но никогаш не ни ги доставија, истакна Груби.