Експертите на Унеско и Бернската конвенција реагираат за големиот број дивоградби во Струга

Сите добронамерни критики се добредојдени, но напоредно треба да се работи на развој на градот и искористување на потенцијалите”, вели струшкиот градоначалникот Мерко после средбата со експертите од Бернската конвенција и Унеско кои денеска беа во мониторинг на Струга и струшкото крајбрежје.

Експертите и вчера а и денеска порачаа дека и Струга мора да го почитува препораките за зачувување на статусот на Охридскиот регион, со акцент на  бројот на дивоградби во струшко кој според нив е голем. Порачуваат дека мора да запре претераната урбанизација.Општина Струга да изнајде начин за развој на одржлив туризам. Една од препораките за Струга,  но и за целиот регион  е да се направи  тело, кое на терен ќе  управува со светското наследство во регионот и ќе  ги спроведува сите препораки од еминентните конвенции и Унеско.

„Струга е дел од Охрид, тоа не е различно подрачје, така што ќе се обидеме да објасниме дека може да има развој, може да има туризам,  само дека ќе мораме сите, значи и оние кои се занимаваме со тоа подрачјето да опстане како исклучителна природна и културно наследство , но и оние кои гледаат некаков напредок само во масовен туризам или градби ќе мора да изнајдеме заеднички  компромис“, вели Андреј Совинц – Бернска конвенција.

После средбите со градоначалниците и посетите на регионот заклучоците експертите ќе ги достават до општините во вид на препораки кои идниот период ќе треба да се имплементираат.