Руската индустрија за беспилотни летала наскоро би можела да вреди повеќе од 12 милијарди долари откако ќе се спроведе планот за зголемување на производството, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин.
Кон крајот на минатата година, Путин рече дека Русија мора да го зголеми своето производство на беспилотни летала и да создаде инфраструктура за нивна широка воена и цивилна употреба.
Заедно со менаџерите од областа на производството на беспилотни летала, Путин ги разгледа досегашните бројки и се согласија дека со активна работа на сите, вклучително и на државата, може да се достигне наведената сума.
Тој минатата година нареди да се создаде стратегија за развој на беспилотни летала до 2030 година, според најавата на првиот вицепремиер Андреј Белоусов, овој план треба да биде готов до 1-ви јули, а според проценките Русија треба да може да произведуваат 18 илјади дронови годишно до крајот на 2026 година.
Путин, кој ја даде изјавата по обиколката на индустрискиот парк во Москва специјално дизајниран за производство на беспилотни летала, тврди дека беспилотните летала може да се користат во речиси секој дел од економијата.
Иако Русија веќе произведува бројни беспилотни летала, оценките на експертие се дека тие не се многу напредни и се тврди дека поради тоа Москва главно користи ирански дронови „Шахед“ во својата инвазија во Украина.