Интегрален текст од изјава за медиуми на Антонијо Милошоски:
Денешната прес конференција се однесува на вчерашната изјава на претседателот на Собранието кој што во брифинг со новинарите најави дека на пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат нема да им биде даден пристап до Договорот истиот да го видат, туку Договорот ќе биде презентиран од владини претставници.
Прво, би сакал да кажам дека според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „Државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието. Пристап е да го имате документот и Договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот.
Второ, г-динот Талат Џафери со ваквиот став не личи како прв помеѓу пратениците, во тој случај прв би сакал да го види Договорот, туку се однесува како владин министер кој што ја штити Владата и не го интересира како ќе се потрошат 1 или 2 милијарди од државниот буџет.
И трето, криењето на Договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал.
Секој премиер или министер кој што потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал.
И на крајот да резимирам, можат Ковачевски и Артан Груби да кријат договори на нивните приватни фирми, тоа се нивни приватни средства и нивни приватни договори и имаат право да не ги споделат со јавноста. Но секој кој што потпишува договор каде што обврските ги превзема буџетот и државата Република Македонија, има обврска кон даночните обврзници да ги направи тие договори јавни за да видиме што е во нив добро, а што е лошо или криминално.